Македонски English Albanian

Услуги

ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

Отстранување на стравот од одење кај стоматолог

При првото влегување не значи дека мора и да се изврши некоја интервенција во детската уста. Детето треба прво да се запознае со самата просторија, со инструментите за работа и со стоматологот. Потоа постепено при повторното доаѓање се почнува со некои полесни безболни интервенции се со цел детето да стекне сигурност и доверба во стоматологот. Секако покрај лекарот важна улога во отстранување на стравот имаат и родителите кои треба да му објаснат на детето поради што се важни овие посети и поради што не треба да се дозволи да се расипуваат забите. За да се оствари добра соработка меѓу малиот пациент и стоматологот некогаш е потребно повеќе време и упорност. Нема дете кое не може да се придобие да соработува. Со соодветен авторитет на стоматологот и поддршка од родителите може да се придобијат дури и деца кои симулираат страв.

Залевање на фисури

Важна постапка која треба да се направи веднаш по излегувањето на првите стални заби, а тоа е шестиот заб (посебно кај оние заби со подлабоки фисури) се со цел да се заштитат забите од расипување, бидејќи фисурите се места каде најмногу се задрзжуваат остатоци од храна. Целата постапка е безболна, се изведува без стружење на забот.

Санација на кариозни лезии на млечни заби, а потоа на стални.

Се изведува со специјални гласјономерни пломби за таа возраст.

Ендодонтско згрижување на млечни и млади трајни заби.

Превенција со флуор

Безболна интервенција која е многу важна за заштита од кариес. Се врши со премачкување со специјална течност која содржи флуор, а често има вкус на и мирис на некое овошје се со цел полесно да се прифати од страна на малиот пациент. Флуорот е важен елемент кој се внесува и преку водата за пиење, храна (сол, млеко, леб) или со давање на таблети, но тоа обично не е доволно и затоа треба да се спроведува и претходно посочената постапка. Како превенција од кариес треба да се употребува и паста Аминофлуорид желе кое се нанесува на забите еднаш неделно. Превенцијата од кариес треба да започне уште во утробата на мајката. Бремената жена освен што треба да води сметка за исхраната која треба да биде разновидна и богата со витамини и минерали, треба да содржи и доволни количини на флуор. Дневните потреби од овој елемент се 1 мг и во случаи кога не се внесува доволно со храна треба да се надополни со таблети, кои мајката ги внесува за време на бременоста, а потоа и за време на доењето.

За планирање на флуоридната заштита на забите на идното новороденче, треба да се прави консултација со специјалист по детска и превентивна стоматологија, а во исто време и со специјалист гинеколог кој ја прати бременоста на жената.

КОНЗЕРВАТИВНА И ЕСТЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Аплицирање на композитни пломби

  • едноповршински
  • двоповршински
  • троповршински

Се користат квалитетни средства кои целосно ги задоволуваат условите во однос на боја и отпорност на џвакопритисок.

Аплицирање на амалгамски пломби

  • едноповршински
  • двоповршински
  • троповршински

Санирање на површни и подлабоки кариозни лежии

Се користат соодветни средства на база на калциум хидроксид и цинк оксид. Овие средства се аплицираат кога има преостанат тенок слој на дентин спрема пулпата т.е кога сеуште има размекнат но не и распаднат дентин, а се со цел да се спречи отварање на пулпа. Калциум хидроксидот овозможува стимулирање на одонтобластите да створат секундарен дентин. Овие средства се нанесуваат во тенок слој, а кавитетот се затвара привремено со фосфат цемент и се остава така 6 до 8 недели. После овој период се вади фосфат цементот, се дочистува ако има преостанат кариес, се става подлога и се затвара кавитетот со дефинитивна пломба. Целата оваа постапка се спроведува се со цел да се сочува забот витален кој како таков е многу поцврст, не ја променува бојата и е многу поотпорен на џвакопритисок.

Санирање на мали ерозивни промени во гингивалниот дел од забот

Ерозивните промени се јавуваат најчесто во гингивалниот дел на забот во вид на мали вдлабнатини. Овие промени обично се безболни но многу често се осетливи на ладни дразби. Приметено е дека вакви промени често се јавуваат кај луѓе каде има трауматска оклузија, луѓе кои често шмукаат лимон, јадат двопек, неправилно четкање на заби и др. Се препорачува во вакви случаи да не се користат многу абразивни пасти, како и оние кои содржат сода бикарбона, бидејки може уште повеке да се продлабочат вдлабнатините. За санирање на ваквите состојби се користат специјални гласјономерни пломби без некое поголемо стружење на здрава забна супстанца. Ваквите промени мора навреме да се санираат бидејки ако се остават како такви ќе дојде до стварање на кариес и понатамошно ошетување на забот.

Белење на заби

Порано ваквата постапка се правела со високи концентрации на хидроген при сто се ошетувале како забите така и гингивата околу забите. Денеска се користат средства на база на карбамид пероксид со концентрација од 10% до 16%. Избелувањето се прави во едната или двете вилици, а може и на поедини заби доколку се со променета боја поради девитализирање на истите. Целата постапка е во принцип безболна, освен што може да се јави помала или поголема осетливост со чувство на пецкање, но тоа трае кратко време и е индивидуално за секој пациент.

Накит за заби

Се користат специјални циркони кои се лепат за забот со средства за таа намена без да се оштети забот.

Штитници за спортисти

Се користат за заштита на забите од удари и кршење за време на спортувањето (кошаркари, фудбалери, боксери, ракометари и др.) Се изработуваат посебно за секој спортист, лесни се за ставање и вадење и општо многу прифатливи од страна на оној кој ги носи. Во некои европски земји вакви штитници носат и децата за време на часовите по физичко воспитување се со цел да им се заштат забите од многубројните повреди кои настануваат на овие часови.

ЕНДОДОНЦИЈА

  • Ендодонтско лечење на канали на еднокорени и повеќекорени заби
  • Ревизија на стари канални полнења.

ПАРОДОНТОЛОГИЈА

Пародонтопатија (кај народот позната како пародонтоза) е болест која ги зафаќа и разорува сите потпорни ткива на забот (гингива, цемент, периодонтални влакна и алвеоларна коска) доведувајќи до нивно расклатување и испаѓање. Се карактеризира со следните симптоми и знаци:

  • крварење и воспаление на гингивата;
  • присуство на забен камен;
  • непријатна миризба на устата;
  • присуство на пародонтални џепови;
  • повлекување на гингивата;
  • соголување на вратот на забот, а во краен случај расклатување и испаѓање на забот.

Главна причина за настанување на пародонтопатијата е забниот плак т.е меките жолтеникави наслаги на забите во кои се размножуваат бактериите од усната празнина со остатоците од храната. Забниот плак најпрво се создава околу вратот на забот и во фисурите на забите и ако не се исчисти навреме ќе ја покрие целата површина на забот и ќе се претвори во забен камен. Забниот камен многу потешко се отстранува од забниот плак и за негово отстранување е потребна посета кај стоматолог.

За да не дојде до сите горенаведени промени, покрај правилната исхрана (цврста храна, витамини, минерали) потребно е и редовна посета кај стоматологот (барем двапати во годината) каде ќе се изврши отстранување на тврдите забни наслаги со ултразвук и машинско симнување на меките забни наслаги со специјална четка и паста.

ПРОТЕТИКА

  1. Преглед и план на терапија
  2. Изработка на парцијална и тотална протеза
  3. Скелетирана парцијална протеза (визил протеза)
  4. Металкерамика
  5. Леана надградба
  6. Репаратура на скршена протеза
  7. Репаратура и додавање на заб
  8. Безметална керамика
  9. Изработка на ламинати

Безметална керамика е нов тип на изработка на коронки и мостови што кај нас почна да се користи од пред некоја година. Во светот овој начин на изработка веќе многу одамна се употребува. При припремата на забите за ваква керамика се одзема многу малку од здрава забна супстанца и се постигнува многу подобра естетика што е и основна предност пред метал керамиката.